ВМРО-ДПМНЕ: За повеќе од една година Катица Јанева потроши околу 4 милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение оцени дека за повеќе од една година специјалната обвинителка Катица Јанева потрошила околу 4 милиони евра, а не направила ниту еден чекор со кој ќе ја увери јавноста во својата професионалност, објективност и непристрасност.
Напротив, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Специјалното јавно обвинителство се претвори во филијала на СДСМ.
- Покажуваше интерес и иницијатива само кога требаше да се спасуваат од одговорност, криминалци како аболицираниот Заев или да се реализираат партиско-политичките нарачани и фабрикувани случаи. Катица Јанева во СЈО си го вработи сопствениот внук, но и голем број роднини на другите колеги од обвинителството. Јанева ги вработи послушниците на Заев, а им плаќаше огромни суми на пари на самопрогласените експерти и вештаци кои зборуваат како што аболицираниот Заев мисли, односно како што тој ќе им дозволи да кажат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од таа партија посочуваат дека Катица Јанева се откажала од случајот „Пуч“ и со тоа целосно се ставила на страна на криминалот.
- Катица Јанева покажа дека се гордее кога е препознаена како приврзок на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Сега Јанева, по примерот на својот ментор, фрустрациите од некомпетентоста и немањето докази во фабрикуваните случаи ги лекува со политички напади врз судот и судиите. Катица Јанева е срам за правната фела и правосудниот систем во Република Македонија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа