Македонскиот туризам интензивно се промовира во Белгија
Пред повеќе од 600 излагачи, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) го промовира туристичкиот потенцијал на Македонија на саем за туризам во Брисел, Белгија.
- Белгија е една од земјите каде живее население кое троши 16.1 милијарди евра на одмори. Околу 78 отсто од белгијците патуваат во Европа, а 54 отсто преферираат долги одмори, се наведува во соопштението од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.
Фактот дека Скопје има директна линија со Брисел, два пати во неделата, отвора можности за соработка со бројни тур оператори, а делегација на АППТ, како што е посочено во соопштението, остварила состаноци со дел од нив: BT Tours, Antipodes, Vos Travel.
Од Агенција за промоција и поддршка на туризмот на РМ информираат дека мнозинството на тур-оператори кои нудат активен туризам биле изненадени од староста на Охридското Езеро и авантурата која може да се доживее во Македонија.
Според статистиката 30 отсто од белгијците преферираат авантуристички туризам, додека 60 отсто посета на градови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа