Македонија официјално извозник на разладени производи од живина во ЕУ

Од  28 јануари Македонија и официјално доби одобрение за извоз на производи од живина во Европската унија и за транзит во трети земји, соопшти денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Како што рече Поповски на прес-конференција, ќе може да се извезуваат само разладени производи (гради, копани,...), но не и преработки од живинско месо.

-Ова претставува голема можност нашите компании да ги пласираат производите, како и  за развој на бројлерското производство и на целокупниот живинарски сектор, истакна Поповски.

Според него, ова се должи на напорите на АХВ во последните две години за отворање на сите пазари.

Агенцијата за храна наскоро очекува да добие одобрение за извоз и на преработки од живинско месо. 

 
 
03.02.2017 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега