Стејт департмент: Целта на САД е Македонија да стане дел од евро-атлантското семејство
Политиката на САД во Македонија е насочена кон поддршка на процесот на евро-атлантска интеграција на земјата и потребните реформи за остварување на таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократски реформи, владеење на правото и целосно спроведување на договорот од Пржино, изјави в.д. портпаролот на американскиот Стејт департмент Марк Тонер.
- Амбасадорот Бејли и неговиот тим работат во партнерство со македонските власти, исто како и со цивилното општество за унапредување на политиката и целите на САД. Стејт департментот има целосна доверба во нашата Амбасада и амбасадорот во Македонија, вели Тонер.
Како пријатели на Македонија, САД ги повикуваат сите партии да го почитуваат владеењето на правото, демократските процеси и меѓународните обврски на државата. Сакаме да видиме силна Македонија, на нејзиниот пат кон членство во евро-атлантското семејство, стои во изјавата на Тонер, објавена денеска од Американската амбасада во Скопје.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа