ВМРО-ДПМНЕ: Ние градиме објекти за граѓаните а СДСМ градеа приватни и деловни објекти

СДСМ во 1997 година изгласа ДУП за Мал РИНГ со кој се предвидуваа многу повеќе објекти отколку со проектот Скопје 2014. Ова ја покажува дволичноста на СДСМ. Едно поддржуваа пред 15 години кога беа на власт, а друго говорат денес.

Во време кога СДСМ беше на власт во општина Центар, архитектот Мирослав Грчев во 1997 година предложи проектантски план на конкурс за Мал Ринг, за потоа како градоначалник лично тој  да го даде на Советот на општина Центар за да го изгласа. Планот за мал Ринг не е само план на Мирослав Грчев, туку е и план на СДСМ, бидејќи истиот е поддржан од мнозинството советници на СДСМ истата таа 1997 година.

Скандалозно е што СДСМ за се што досега го напаѓаа ВМРО-ДПМНЕ за проектот Скопје 2014, претходно го имаа поддржано гласајќи го ДУП предложен и проектиран од нивниот тогашен градоначалник, Мирослав Грчев.

Разликата е само тоа што ВМРО-ДПМНЕ сега гради објекти кои се наменети за државните институции и се јавни објекти на граѓаните, а СДСМ и нивниот тогашен градоначалник Мирослав Грчев вцртуваа маркици за приватни и деловни објекти како Тифани и Лумикс.

Во истиот план што Мирослав Грчев го предложил, а СДСМ го изгласал, јасно се гледа дека треба да се изградат објекти околу Црквата Свети Димитрија, на место каде што денес се наоѓа зелен појас. Исто така објекти се предвидуваат од сите страни на објектот на МОБ, повторно зафаќајќи делови од паркови, дрвореди и зелен појас. Прашањето до СДСМ е колку дрва ќе се исечеа со планот на Грчев, што СДСМ го поддржа и дали  и тогаш организираа нивните активисти протести или можеби ги гушкаа дрвата кои Грчев сакаше да ги исече?

Во ДУП за Мал Ринг кој што Грчев го исцрта, а СДСМ го изгласа јасно се гледа дека се предвидува објект на местото каде што сега се гради Црквата Свети  Константин и Елена. Со оглед на фактот што СДСМ се противеше на изградбата на овој објект, логично се поставува прашањето што бил планот на СДСМ и Грчев да се изгради на просторот на оваа макркица. Дали можеби на  местото каде што сега се гради Црквата Свети Константин и Елена се предвидувала изградба на приватен деловен објект или можеби трговски центар?

Со овие факти очигледно се разобличува  манипулацијата на СДСМ. Не се работи за петте дрва, се работи за бизнис интересите на одредени лица кои заработуваат милионски суми на кирии од државните институции. Можеби на маркиците за објектите кои денес се изградени, за потребите на државните институции и за граѓаните на Република Македонија, се предвидувало изградба на приватни деловни и бизнис објекти кои требало да ги градат лица блиски до СДСМ.

Ова е вистината за политичкиот театар кој што го приредува СДСМ и неговата продолжена рака, Андреј Жерновски.

Интегрален текст од изјава на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

14:13

најчитано сега