Кое овошје е најдобро за јадење во текот на зимата

Секое годишно време има овошја кои одговараат на сезоната.

Најдобри овошја конзумирање во зима се:

Јаболко – јаболкото спаѓа во реод на најздравите намирници, а исто така често може да се најде и во групата на овошја со најмногу пестициди, и затоа и треба да се внимава. Јаболкото е одлично овошје бидејќи содржи многу малку заситени масти, холестерол и сол. Тоа е одличен извор на природни влакна и витамин Ц.

Портокал –  во текот на зимата, портокалите се највкусни, најсочни и најздрави. Поради својата цена, тој е и едно од најчесто конзумираните овошја во текот на зимата. Портокалите содржат малку заситени масти и холестерол, а се одличен извор и на тиамин, фолна киселина и калиум, како и природни влакна и витамин Ц.

Грејпфрут  - тој е одлично зимско овошје со совршени нутритивни својства. Содржи малку заситени масти, холестерол и витамин А и  Ц. Треба да се конзумира вниматлено, особено доколку се земаат лекови, бидејќи тие имаат влијание на неговото делување.

Киви – кивите се одлично овошје кое го подобрува здравјето на целиот организам. Само едно овошје од овој вид дневно е доволно да го замени земањето на мултивитамините. Кивите се одличен извор на природни влакна, витамин Е, калиум и бакар, но и на витамините Ц и К.

Ананас – ананасот има примамлив изглед, но и мирис и вкус. Тој е една од најздравите намирници кои постојат поради тоа што содржи природни влакна, тиамин, витамин Б6 и бакар, манган и витамин Ц.

 
 
29.01.2017 - 14:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега