Уште еден Македонец се врати со оштетен автомобил од соседна Грција

Уште еден нов случај на оштетување возила во Грција бил пријавен од страна на македонски државјани кои летувале кај нашиот јужен сосед.

Откако вчера на Граничниот премин „Богородица“, В.И. од Скопје пријави дека неговото возило марка „Фиат Пунто“ со скопски регистерски ознаки му било испрскано со спреј додека бил на одмор во Неа Врасна, уште еден македонски државјанин се пожалил дека му бил оштетен автомобилот во соседна Грција.

На Граничниот премин „Богородица“, П.Ј. од Скопје, кој управувал автомобил марка „Цитроен“ со штипски регистерски ознаки, пријавил дека на Халкидики, со спреј му биле испрскани ознаките МК на двете таблички. 

Со овие два новорегистрирани случаи, односно три во текот на викендов, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 45 оштетувања на возила и одземања на таблички. Од 45-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 10 случаи.

ФОТО: Дневник

 

12:12

најчитано сега