Детали за новиот универзитетски клинички комплекс „Мајка Тереза“ во Скопје

Идејното решение за изградбата на новиот Клинички центар во Скопје го изработи проектантската куќа АРЕН СРЛ од Италија и веќе е готово. По ова следи фазата за изработка на основниот проект, кој треба да биде завршен за 160 дена, односно до крајот на годинава, а вкупната сума за изготвување на целиот проект е 1.300.000 евра. Изградбата на новиот Клинички центар кој ќе почне да се гради на почетокот на наредната година се очекува да заврши за три години.

Вториот и третиот кат го претставуваат новиот оддел за Интензивна нега, медицинска и хируршка. Сегашната организација на клиниките е на начин што секоја клиника има интензивна нега. Новината е во организацијата на интензивна нега, односно тоа што на еден простор се организира мултидисциплинарна интернистичка интензивна нега. Дневниот циклус на мултидисциплинарниот тим е во тесна врска со пониска смртност кај пациенти на медицинска интензивна нега. Бенефитот од преживувањето на пациентите во интензивната нега во голем дел се објаснува и со постоењето мултидисциплинарни тимови, составени главно од високо обучени лекари. Мултидисциплинарните тимови овозможуваат размена на информации на време и лице во лице, креирајќи цел и план за нега на секој пациент посебно. Одделни интензивни неги се формирани само за специфичните клиники како што се кардиолошка интензивна нега, и интензивна нега на неврохирургија и сл. Ова овозможува идеална флексибилност и концентрација на специјализиран кадар на едно ниво, нудејќи можност да се испорача мултидисциплинарна нега на најкритичните пациенти.

СИГНАЛИЗАЦИЈА ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН И НАМАЛЕН ВИД

За ориентација при движење во внатрешноста на објектите се предвидува соодветна сигнализација за лицата со оштетен и намален вид.

Лифтовите ќе имаат панел за копчиња со цифри испишани и во Брајева азбука, а на секој кат се предвидени тактилни мапи за секој посебен простор. Дополнителна сигнализација во Брајева азбука ќе биде испишана и на оградите во ходниците.

Сите горенаведени елементи на сигнализација ќе бидат изработени од лесно хигиенски одржливи материјали, издржливи на долготрајна употреба и соодветно заштитени од вандалски дела (алумуниумска структура, абс за поврзување, спојување и обложување, транспарентни антирефлексивни ПВЦ фолии за заштита на панелите). За испишувањето на симболите ќе бидат употребени фоторезистентни материјали, сериграфски аплицирани декорации и висококвалитетни лепливи фолии. Ќе бидат изоставени од употреба рефлексивните материјали.
 
Објектот на новиот клинички центар ќе биде пристапен - тоа значи дека до него ќе може да дојде, ќе може да влезе и ќе може да го користи секој кој има потреба од здравствена услуга. Тоа ќе биде објект без бариери.
 
СИСТЕМ ЗА КОМПЈУТЕРИЗИРАНА КОНТРОЛА, МОНИТОРИНГ И УПРАВУВАЊЕ НА ОБЈЕКТОТ- Building Menagment System  
 
Предвидена е инсталација на БМС центар за интелигентно управување со клиничкиот блок, односно контрола и мониторирање на целосната електрична и механичка опрема во објектите и нејзино оптимизирање, како што се вентилацијата и климатизацијата во објектот, осветлувањето, противпожарните уреди, струјата и електроенергетските системи и сигурносните системи. БМС-от го преставува центарот за аквизиција односно прибирање и менаџирање на сите технички параметри на опремата во објектот. Со трансферот на податоците БМС-от треба да ги контролира и управува инструментите на секој технички систем, кој ќе ги извршува наредбите на операторот, притоа запазувајќи ги безбедносните стандарди. Операторите во компјутерскиот центар, покрај комплетната прегледност, треба да имаат и можност за комплетно управување на целиот комплекс клиники. Во поглед на безбедноста, овој центар треба да ги собира сите информации од сензорите, поставени низ објектот и соодветно да алармира, а во крајни случаи автоматски да донесува одлуки.
 
БМС-от (компјутерскиот центар) треба да ја опфати контролата и управувањето на следниве системи:
 
·         Систем за вентилација и климатизација на објектот, со целосна контрола на сите ладилници и вентилатори и нивно пренасочување
·         Контрола и оптимизација на осветлувањето во објектот , исто така репортирање за неисправни уреди
·         Контрола на системот против пожари
·         Контрола и исправност на лифтови
·         Контрола на сигурносните системи и уредите за пристап до одредени простории (РФ-ид или магнетни картички)
·         Контрола на системот за видео-надзор
·         Контрола и мониторинг на систем салата каде ќе биде сместен компјутерскиот центар на клиничкиот блок.
·         Контрола и менаџирање на електроенергетските системи во објектот.
·         Контролна  на централниот систем за озвучување и разглас
·         Контрола на генераторите и на батериите за дополнително снабдување со струја во случај на прекин (УПС-уреди)
·         Контрола, мониторинг и менаџмент на целата компјутерска мрежа во клиничкиот блок.
·         Контрола, мониторинг и менаџмент на сите компјутерски работни станици во клиничкиот блок.
 
Со мрежната архитектура и компјутерскиот центар ќе бидат интегрирани сите клиники во новиот клинички блок со што ќе се овозможи централна електронска архива на сите медицински податоци за пациентите и централен болнички информатички систем кој ќе ги содржи сите медицински податоци за пациентите, како што се персоналните здравствени картони, рендген снимки други медицински досиеја.

Интегрален текст од Министрство за здравство.

12:01

најчитано сега