Маскирани разбојници со закана со пиштол украле 284.088 денари од казино во Велес

Утринава во еден часот по полноќ на улицата „8-ми Септември“ во Велес бил ограбен клубот за игри на среќа „Адмирал“.

Две засега непознати лица со маскирани со фантомки на главите и вооружени со пиштоли успеале да одземат 284.088 денари така што влегле во казиното, и додека едниот разбојник го вперил пиштолот кон вработениот во обезбедувањето  С.М. другото лице влегло во делот каде е касата, каде биле 22-годишниот Б.Р. од Велес и 30-годишниот Г.А.  од Велес кои исплашени за својот живот му ги дале парите на разбојникот.

Полицијата трага по сотрителите кои веднаш избегале од местото на настанот и се упатиле во непознат правец.

ФОТО: Денешен

11:40

најчитано сега