Четири јасни знаци дека вашата жена или девојка има намера да ве остави

Жените за многу работи се доста комплицирани суштества, но кога се спремаат за раскинување, нивното однесување е поприлично јасно и едноставно. Само треба да знаете да ги препознаете знаците.

Стануваат потивки

Без разлика дали станува збор за разговор или за пораки, жената која користи кратки реченици и делува незаинтересирано за текот на разговорот, баш и тоа е незаинтересирана. Интересот веројатно го свртела на нешто друго, или подобро кажано, на некој друг.

Често „не им е ништо“

Секоја жена понекогаш повлекува и кажува дека не и е ништо, кога ќе се постави прашањето што не е во ред, но и жена која е таква подолг период размислува за нови опции.

Уште почесто не сакаат да имаат секс

Главоболката е повремен изговор кога не им е до секс, но постои разлика помеѓу повремен недостаток на мотивација и оној сталниот. Жената која се почесто не сака секс, доста често размислува за заминување.

Се повеќе инсистираат на време за себе

На секој од нас му треба малку време кое ќе го користи само за себе, но жената на која таквото време и е потребно веројатно и не е баш најсреќна. Повремените излегувања стануваат почести, почнува да бара оправдувања зошто не може да се види со момчето и се не крие дека едвај чека да ја остави на мира.

 
 
26.01.2017 - 20:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега