Александар наместо да прави свадба замина во смрт - семејството скршено

Александар Ч. е пешакот кој вчера излезе од возилото да помогне при верижен судир, при што за жал возило налета на него и го усмрти на лице место. Оваа трагедија се одвиваше на патот во Нови Сад, а за трагедијата да биде поголема, близските на Александар велат дека бил собро и скромно момче и дека на лето планирал да прави свадба.

Семејството на настраданото момче е во шок и не верува што ги снашло. Оние кои го познаваат велат дека имал големо срце, секогаш помагал секому.

- Ја видов трагедијата на утрински вести, го видов комбето и знам дека тој работеше за таа фирма. Си реков Боже, само да не е тој. Навистина трагедија. Планираше свадба летово. Ова е страшно, семејството е скршено, вели сосед.

Мајката на Александар само одмавнува со главата, не јаде и пие и постојано плаче. Семејството одбива да верува дека погинатиот е нивниот син.

 

 
 
26.01.2017 - 12:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега