Тетката на убиената пејачка открива: Зоран не ја уби Јелена, но...

Љубица Манојловиќ. тетка на убиената пејачката Јелена Марјановиќ смета дека „Ѕвездата на Гранд“ не ја убил нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ, но за останатите членови од ова семејство не може да гарантира. Љубица која била многу блсика со покојната Јелена, прв пат прозборела во медиумите за убиството на својата внука и открила досега потполно непознати детали од односот на фамилијата Марјановиќ со Јелена. 

Според нејзините тврдења, Зоран бил премногу внимателен кон Јелена, но не и нејзината мајка Зорица, додека останатите членови  на семејството упорно се обидувало меѓусебно да ги скараат. 

Љубица е уверена дека не постои ни грам шанса Зоран да и наштетил на Јелена „бидејќи станувало збор за човек кој бескрајно ја сакал својата сопруга и ќерка“. 

- Јелена и Зоран беа многу блиски, бескрајно се сакаа и сигурна сум едка тој ништо и нема направено, Гнасни се лагите дека Зоран имал било каква врска ос убиството на Јелена бидејќи неа и неговата ќерка ги сакаше повеќе од животот. За него рака би ставила во оган дека ја нема убиено и дека понатаму оачјнички чека да се стави крај на оваа агонија, рекла тетката на Јелена. 

Меѓутоа, Љубица сосема поинаку говори за останатите членови од семејството Марјановиќ, свекрвата на Јелена, свекорот и братот Милош. На прашањето дали тие би имале врска со убиството на пејачката, Љубица само одмавнала со главата, а потоа објаснила.

-  Со останатите членови на семејството Марјановиќ никогаш не сме биле блиски. Поготов не јас, бидејќи не бев постојано во  Борча. Не можам да кажам дека бевме скарани, но некои работи тука не се до крај расчистени. Од кога Јелена е убиена, на сите можни начини се обидуваа нас да не заведат и да не доведат до непријатна ситуација. Така да кога се тие во прашање, ништо не можам да гарантира,изјавила таа. 

 

 

 
 
25.01.2017 - 11:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега