ФОТО: Фолк ѕвезда тврди дека е татко на Адел

Турскиот пејач на народни песни од Бодрум, 52-годишниот Мехмет Асар тврди дека е татко на британската поп-ѕвезда Адел!

Асар јавно истакна дека тој имал кратка романса со мајката на Адел, Пени Адкинс, кога таа била на одмор во неговиот град во јули 1987 година, пренесува агенцијата македонската МИА, додавајќи дека Адел е родена во мај 1988 годин

"Ние си се допаднавме еден со други и имавме кратка романса од две недели. Таа еден месец по одморот се врати во Англија. Потоа дојде уште два пати во Бодрум и остана цел месец", вели Асар.

Тој исто така верува дека одредени карактеристики на Адел се наследени од него, и дека "интонацијата во песните се генетски."

Асар ги повика Адел и нејзината мајка во турското одморалиште и истакна дека е подготвен да направи ДНК тест само за да докаже дека е во право.

МИА изјави дека Адел во интервјуто од 2015 година, изјавила дека покрај англиски потекло, има турски и шпански корени.

 
 
25.01.2017 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега