Не се надевала: Девојчето секој ден ги хранило гавраните, нема да верувате што се случило

Геби Мен е едно осумгодишно девојче, како и секое дете во детството, Геби има многу пријатели со кои ги поминува деновите. 

Освен тоа, ова девојче од своите другари секојдневно добива убави подароци како знак на внимание. Сето тоа не би било чудно да нејзините пријатели не беа - гаврани. 

Геби веќе со години секое утро им носи доручек на своите пријателчиња - гавраните. Тие во знак на благодарност и оставаат разни подароци - пердуви, обетки, коцки, штрафови... девојчето веќе има собрано мало богатство од предметио кои едноставно немаат цена. 

djevojcica-vrane (3)

Се започнало сосема случајно, кога девојчето пред неколку години и паднало храна додека се шетало. Гавраноте кои биле во близина се собрале околу ужинката и почнале да ја јадат. Тука се родила љубовта, но и убавата навика птиците да доаѓаат на ручек кај својата пријателка. 

 

djevojcica-vrane (2)

Несебичната Геби често со нив ја делела ужинката пред училиштето, а гавраните сфатиле дека на ручек кај пријателката не се доаѓа со „празни раце“. Од тогаш почнале да и носат симпатични предмети во знак на внимание. 

Девојчето со помош на своите родители направило и хранилки во нивниот двор, па гавраните сега знаат каде секој ден можат да ручаат. 

djevojcica-vrane (4)

Од сите дрангулии кои гавраните и ги донеле,  на девојчето најдраг предмет и бил во облик на срце, како што вели, гавраните на тој начин покажале колку ја сакаат. 

 

 

 

 

 

 

 

 
 
24.01.2017 - 19:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега