Тага и болка во семејството на Раде Шербеџија

Данило Шербеџија почина на 104. годишна возраст. Веста за смртта била споделена на Фејсбук од синот на Раде Шербеџија, Данило кое името го добил по неговиот дедо. 

- Селанец, рудар, работник, татко, дедо, прадедо. После 104 години го победи воспалението на белите дробови, здрав одлучи да оди, ги испрати блиските од собата да одат малку да се одморат и тогаш ги затвори очите. Доста му било. Оставил одело за погребот, во џебот писмо кое сакал да се прочита на погребот за само најблиските од семејството, мене неодамна ми остави часовник кој го добил кога влегол во пензија Тој ќе биде испратен со виолина и ќе се свири песната:„Кога во војска ќе појдам зелени полиња јас ќе газам. Со солзи бој не се бие туку врела крв се лие“. Здраво дедо, горд сум што го носам твоето име - порача неговиот внук и имењак Данило на Фејсбук.

 

 

 
 
23.01.2017 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега