Драган ги нашол мртвите тела на мајката и синот - ужасни детали за трагедијата

Во населбата Лозовник во Србија биле пронајени замрзнати од студот мајка и син. 80-годишната Ангелина и 51-годишниот Живорад, живееле во беда пет години, без струја и приходи во семејството.

Амрзнатите и мртви тела ги пронашол сопругот на постарата ќерка на Ангелина, Сретен Миливојевиќ, кој раскажал за хоророт.

- Во куќата беше целосен мрак, од соседите зедов свеќа за да гледам каде одам. Ангелина лежеше на креветот со нозете на под, а Живорад беше скаменет клекнат до својата мајка, вели тој низ солзи.

Тие тешко живееле без пари, без основни приходи за живот, без струја и вода.

- Се видовме последен пат за Свети Никола. Можеби лежеле вака мртви десет дена. Страшно е ова што се случи, вели зетот.

Житорад постојано велел дека ќе умре ако му умре и мајката. На крајот така и се случило.

 

 
 
21.01.2017 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега