Ерупција на вулкан во Индонезија - пет лица загинаа

Пет лица загинаа по ерупцијата на вулканот Маунт Рокатенда во индонезиската провинција Источен Нуса-Тенгара.

Вулканот прво исфрлил пепел и чад до 2.000 метри височина, а потоа потекла лава.

Поради ерупцијата на вулканот од реонот на островот Палуе евакуирани се околу 3.000 луѓе. 

Во Индонезија чести се земјотресите и активностите на вулканите бидејќи земјата се наоѓа во близина на Тихоокеанскиот огнен прстен. 

15:13

најчитано сега