Вујовиќ: Одиме на победа и против Тунис, за нас и за Македонија

Веселин Вујовиќ пак го надмудри Лино Червар, овој пат во нивното прво соочување како селектори на Словенија и Македонија. По натпреварот словенечкиот селектор го анализираше третиот триумф на неговата репрезентација на шампионатот.

– Од почетокот имавме контрола на натпреварот со одлична одбрана и извонреден Скок. Конечно мислам дека подобриот тим победи вечерва. Задоволен сум од трите победи, но секогаш сакам повеќе. Многу успех за македонската репрезентација на следните два натпревари. Ме знаете мене, сакам да ги победам сите, посебно Тунис утре, најмногу за нас, а ако ви помогне и вас тоа е исто така добро. Нема да биде лесно, имаат силни момци, но верувам дека ќе победиме, смета Вујовиќ.

Словенија е првата репрезентација од нашата група која в џеб има осминафинале, а може да и се придружи уште и Шпанија со победа вечерва против Ангола.

 
 
16.01.2017 - 20:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега