ВМРО-ДПМНЕ: Загрижувачки состојбите со нерасчистениот снег по улиците во Центар

ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвини градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски за проблемите со неисчистениот снег на улиците под надлежност на неговата општина. 

- На Жерновски ништо не може да му го расипе зимувањето во елитните хотели и рекреативни центри во Бугарија, ниту комуналните проблеми на Општина Центар, ниту проблемите со неисчистениот снег на улиците под надлежност на неговата општина, ниту скандалозните трошења пари од буџетот на општината, изјави Јордан Ристевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Тој го повика на одговорност Жерновски за неодговорно трошење на општинските пари.

- Доколку Општина Центар не трошеше 1,2 милиони евра за преуредување на две улички во вкупна должина од 370 метри, можеше подготвена да го пречека снегот во зима.  Граѓаните на Центар ја видоа несериозноста и неодговорноста на Жерновски. Граѓаните на Центар на дело ја гледаат неспособноста на градоначалникот Центар да се справи со нивните потреби и проблеми, рече Ристевски.

 
 
16.01.2017 - 16:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега