Вонбрачната ќерка на Аркан низ солзи открила: Ова беше мојот последен разговор со татко ми!

Софија Ражњатовиќ (38) вонбрчната ќерка на Аркан  која живее во Белгија, за прв пат прозборе за медиумите. 

- Секој ден помислувам на мојот татко, за мене беше најдобриот човек на светот. Цеца ја почитувам, таа е силна жена... изјавила за српски Курир Софија. 

Софија дојде на поменот на својот татко на гробиштата во Белград. 

- Дојдов да му оддадам почит на мојот татко, кого многу го сакав. Иако веќе 17 години не е меѓу нас, тој и понатаму жиее во мене. Секој ден помислувам на него и за мене ова е најтажниот ден во животот. Живеам далеку  и не сум доаѓала во Србија, но денеска ми е драго што го испочитував својот татко. Ми се наполни срцето кога ги видов сите негови пријатели кои ги сакаше, рекла Софија која живее во Белгија, а со фамилијата од Србија се разбира на англиски јазик. 

Со солзи во очите раскажала по што ќе го памети својот татко. 

- За мене беше најдобриот човек на светот. Беше внимателен кон децата, посебно кон мене. Секој би посакал да има таков родител. Се сеќавам дека се лутеше кога дома си доаѓав многу касно од забава. Знаеше да ме искара. Знам дека беше познат, ценет и популарен, но кон децата беше посебно чуствителен.Од секогаш сакаше да бидеме едно големо семејство и сложна фамилија. Живееше за нас. Инсистираше да се почитуваме и да си помагаме едни на други, рекла Софија и открила за што последно разгиварала со својот татако. 

- сакаше да ми ги среди документите за да добијам српски пасош. Разговаравме за тоа неколку дена пред трагедијата. 

За Цеца има само пофални зборови

- Цеца многу ја ценам и почитувам, таа за мене е силна жена. Со пглед на тоа дека не живеам овде, не знам дали тука нешто лошо се зборува, но јас немам проблем со неа и никогаш ниту сум го имала. Се согласувам со целото семејство Ражњатовиќ и сите ги сакам, порачала ќерката на Аркан. 

 

 

 

 
 
16.01.2017 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега