Се прошири пожарот во Калифорнија - шест лица се повредени

Пожарот источно од Лос Анџелес во Калифорнија, во кој шест луѓе се повредени, се прошири во текот на ноќта и 1.800 луѓе беа приморани да ги напуштат домовите.

Пожарот зафати површина од 7.200 хектари и за негово локализирање се ангажирани 1.800 пожарникари.

Меѓу повредените се петмина пожарникари и еден цивил.

Во пожарот вчера беа уништени 29 објекти, најголем дел куќи.

Осум хеликоптери учествуваат во гаснењето на пожарот, а досега е запрено само 40 отсто од огнената стихија. Причина за пожарот се уште не е утврдена.

14:16

најчитано сега