Пукање на гробишта, сите бегаа во паника: Еве што се крие зад убиството

Миломир Јовановиќ, 45-годишниот Србин кој беше ликвидиран на гробишта викендов, ќе остане запаметен по смртта и ликвидацијата какви што не се запаметени до сега во српското подземје. 

Смртоносните истрели одекнале завчера, нешто по 14 часот, во моментот кога Јовановиќ по погребот на кој присуствувал, тргнал да си оди дома. Во негова непосредна близина биле и Здравко Чолиќ, Костурица кој држел и говор, како и братот на Горан Бреговиќ, и повеќе од стотина луѓе пријатели на покојниот Тодоровиќ.

- Јовановиќ беше со тројца телохранители, но пред да ја отвори вратата од џипот, одекнаа истрели, вели извор.

На гробиштата настанал тотален хаос и паника. Јовановиќ е еден од истакнатите членови на српското подземје. Веројатно причина за ликвидацијата се нерасчистени односи. 

Полицијата не се огласува официјално по повод овој случај.

 
 
16.01.2017 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега