Во општина Кисела Вода легализирани 5235 дивоградби

Продолжува процесот на легализација во општина Кисела Вода. Нови 52 семејства од општина Кисела Вода денес се стекнаа со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект.

Со тоа, заклучно со денешниот ден, бројот на легализирани дивоградби се искачи на 5235, односно, општина Кисела Вода по сите превземени мерки за олеснување на процесот на легализација на дивоградбите, има решено 38% од пристигнатите 13 853 предмети.

Бројот на поднесени барања без геодетски елаборат, во овој момент, изнесува 3405. Исто така, изготвени се уште 225 урбанистички согласности, од кои, за 204 се чека уплата на надоместокот, за постапката за изготвување на Решенијата за легализација на објектите да може да се продолжи.

Општина Кисела Вода ги повикува сите граѓани кои ја немаат докомплетирано документацијата што поскоро да ја достават до административните служби.

 
 
16.01.2017 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега