Владиците не сакаат да зборуваат за состојбите во Австралија

Македонските Архиереи ја избегнуваат темата за австралиско-новозеландската епархија и не сакаат јавно да ги коментираат состојбите во оваа Епархија. Речиси идентично одговораат дека за тамошните состојби има задолжено двајца Митрополити, покрај администраторот г.Петар, од пред седум месеци како координатор за црковните општини кои не ја признаваат неговата јуриздикција е задолжен и дебарско-кичевскиот Митрополит, г. Тимотеј. Речиси никој од останатите владици во Синодот на МПЦ, не сака јавно да коментира, ниту пак да дава какви било сугестии и решенија за проблемите во Епархијата. Црковни извори, за Прес24, велат дека Владиците се воздржавуваат од коментари, за да не дојдат во судир со Владикат, г. Петар, кој секогаш имал забелешки кога некој Археиереј ќе зборува за состојбите во Австралија. Последен таков отворен судир беше со Владиката г. Тимотеј минатата година, кога пред да биде назначен за координатор на дел од Епархијата, Г. Тимотеј даваше изјави во кои го критикуваше администрирањето на г.Петар со Епархијата. Веднаш потоа, надлежниот администратор го обвини својот собрат од Синодот дека му се меша во управувањето со епархијата.

Прес24, се обиде да добие став од владиците за тоа што мислат, дали и како треба да се регистрира австралиско-новозеландската епархија како правен субјект во Австралија и на тој начин да се дојде до можноста за помирување и трајно решение околу сопственоста на имотите. Освен владиката, Тимотеј, останатите Архиереи избегнуваат да ги коментираат овие состојби. Дебарско-кичевскиот Митерополит вели дека во моментов во Австралија најбитно е да прекинат сите судски спорови.

- Таму треба да се прекинат сите судски спорови. Затоа што за судовите требаат пари, а кого ќе ги изгубите сопоровите треба да платите, па ќе се продавата цркви и така се ќе изгубиме. Треба прво да се прекрати со судењето, а потоа да седнеме сите заедно и да најдеме начини како тоа да го решиме. Ние јасно им кажуваме дека нас таму во Австралија ни требаат луѓе, а не имоти. Ако имаме луѓе ќе имаме и црква и имоти, ако не ќе изгубиме се, вели за Прес24, г.Тимотеј, потенцирајќи дека австралиските закони овозможуваат три начини за регистрација на правен субјект.

-Како и кој ќе се избере е начин за кој треба да се разговара, но откако ќе се повлечат сите од судските спорови, дециден е г. Тимотеј.

Бранко Ѓоргевсни, уредник во дневниот весник, Дневник, кој долги години ги следи црковните прашања и е одличен познавач на црковните прилики, вели дека прашањето дали да се регистрира епархијата има две димензии. Прво, дали тоа го бараат тамошните прописи и второ, каков однос кон тоа има МПЦ.

-Ако законите бараат, треба да се регистрира, но не верувам дека досега Владиката делувал нелегално таму. Некаква регистрација можеби би расчистила околу имотите. Епархијата би сталана титулар на сопственоста, а Владиката овластен застапник. Тој веќе не би бил сопственик како сега на некои имоти. Тоа е еден од проблемите таму за помирувањето. Навистина, има опасност тој да ги продаде имотите или слично, да ги однесе во друга црква. МПЦ треба да објасни дали е тоа нормална ситуација – Владиката да има таква сопственост, вели Горгевски за Прес24.

 

Пред речиси седум месеци, Синодот на МПЦ и црковните општини кои не ја признаваат јуриздикцијата на владиката Г. Петар постигнаа начелен догвоор кој требаше да доведе до решение на деценискиот спор. Но, од тогаш до денес, работите стојат во место.

10.08.2013 - 13:13

најчитано сега