Го заборавила клучот на врата па ги ограбиле - брачен пар од Скопје остана без 600.000 денари

Вчера околу три часот попладне во полициската станица во Аеродром, 56-годишниот В.Ш. пријавил дека непознат сторител влегол во неговиот стан и го ограбил.

Кражбата била извршена на тој начин што крадецот откако дошол до влезната врата искористил оригинал клуч кој најверојатно неговата сопруга претходно го имала изгубено или заборавено на бравата од надворешна страна на вратата, па така ја отворил и влегол во станот. Крадецот извршил пребарување во плакарите во ходникот и собите и под душекот од креветот во спалната соба пронашол и одзел коверт во кој имало 30.000 денари и златен накит, а потоа избегал во непознат правец.

Така, насилникот успеал да се стекне со 600.000 денари. 

Полицијата работи на случајот.

ФОТО: Курир

12:18

најчитано сега