Обдукцијата покажа: Тетовчанката пронајдена во „аудито“ во реката Радика се удавила

Давење во вода е причина за смртта на тетовката 27-годишната Линдита Е. која вчера беше најдена во водите на Радика, близу селото Ростуше. Според резултатите од обдукцијата, на телото на девојката немало траги од насилство.

Првично се знае дека во „аудито“ покрај починатата биле и возачот, како и една сопатничка кои се извлекле. Други детали не се соопштуваат, бидејќи истрагата е во тек.

Засега случајот се води како сообраќајна незгода. По завршувањето на истрагата ќе биде познато под кои околности возилото излетало од коловозот во реката.

12:13

најчитано сега