ВИДЕО: НАСА откри нова розева планета

 

Астрономите на НАСА дојдоа до ново откритие. Овојпат тие открија нова Планета со розева боја. 

Новооткриената планета именувана како ГЈ 504б е голема колку планетата Јупитер, но има четирипати поголема маса, пренесе весникот  Нешнел пост.

Планетата е најмала егзопланета откриена досега, оддалечена 57 светлосни години од Земјата, лоцирана во соѕвездието Девица.

„Кога би можеле да отпатуваме до оваа џиновска планета, би виделе вжештен свет со боја на темен цвет од цреша“, изјавил Мајкл Мекелвејн, член на тимот на НАСА.

На оваа розева планета температурата достигнува над 230 степени Целзиусови.

Погледнете ја новата планета...

11:47