Овие два генијални трика ќе ви помогнат да го одглавите автомобилот

Се додека автомобилот не е заглавен во снег до прозорецот, може сосема лесно и без ничија помош да го извлечете и да го придвижите.

Ако често го возите автомобилот во овие студени и снежни денови, добро би било во гепекот да имате две кеси песок за мачки. Ако останете заглавени во нанос од снег и мраз, истурете го песокот точно пред гумите. Така полесно ќе излезете од оваа тешка ситуација, бидејќи парчињата песок за мачки ќе им помогнат на гумите да се придвижат.

Уште еден добар совет е да ги искористите патосниците од автомобилот. Извлечете ги и ставете ги точно пред гумите. Тоа сигурно ќе ви помогне да тргнете.

 
 
11.01.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега