Се самоубил првиот сопруг на српската фолкерка

Стојанка Новаковиќ, фолкерката позната како Стоја, кога излезе на естрадата откри дека се омажила на само 16 години, и дека брзо по тоа станала вдовица. Но, вистинската причина поради која останала сама со детето и понатаму ја крие.

Таа раскажуваше дека нејзиниот сопруг по три години брак загинал во сообраќајна несреќа, но вистината е дека тој се самоубил. Српскиот Ало во родното место на Стоја ја дознал вистината.

- Стоја е прекрасна жена, многу патеша за првиот маж. Родителите на нејзиниот сопруг не го поддржуваа бракот, тука почнаа проблемите, велат мештаните.

Тој не сакал да живее без Стоја и затоа се одлучил да се самоубие.

- Свекорот и свекрвата не можеа да се помират дека нивниот син се оженил со кафанска пејачка. Постојано инсистираа да ја остави Стоја. Тој не можел да го издржи притисокот и се самоубил со скок од мост, велат мештаните.

Стоја не сака да зборува за оваа болна тема.

 

 
 
11.01.2017 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега