Делови од Македонија во портокалова фаза

Согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска во целата држава има ниски температури од алертна (жолта) фаза, освен во полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод) каде има пониски температури кои спаѓаат во портокалова фаза.

За населението во целата држава се препорачува без неопходна потреба да не излегуваат од дома, да се носи топла облека, да се консумираат топли напитоци и да се избегнува консумација на алкохол, а воедно се препорачува внимателност при движење на лизгави површини.

Состојбата будно се следи.

 
 
11.01.2017 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега