Уште еден тероирстички напад го стресе светот

 

По терористичкиот напад врз полициска станица во Газиантеп претходно денеска, околу 19.30 часот по локално време, потворно бил отворен оган врз полициски автомобил, пишува весникот „Милиет“. 

Нападот на полицискиот автомобил е извршен од возило во кое се наоѓале три лица. 

Турската полиција веднаш одговорила на огнот.

Напаѓачите се обиделе да избегаат, но полицијата успеала да го сопре автомобилот. 

Еднот од напаѓачите е фатен, додека другите двајца успеале да избегаат.

Во регионот е преземена голема операција за фаќање на останатите напаѓачи.

Претходно денеска, еден напаѓач беше убиен, а еден полицаец беше ранет при напад врз полициска станица во Газиантеп.

 
 
10.01.2017 - 20:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега