Нов терористички напад во светот - 38 лица го загубија животот

Најмалку 38 луѓе, војници и цивили, загинаа попладнево во авганистанскиот главен град Кабул, во експлозијата на два автомобил-бомби, во кои се наоѓале бомбаши-самубијци, јави ДПА.

- Во нападите има 72 повредени лица, изјави претставник на Министерството за здравство.

Претставникот на локалната полиција Ахмад Вали Сабури соопшти дека автомобил марка „Тојота“, натовраен со експлозив, експлодирал во близина на зградата на авганистанскиот Парламент.

По пристигнување на припадниците на безбедносните сили и екипи на брзата помош, на истото место експлодирал и вториот автомобил-бомба. 

Одговорноста за нападите ја презедоа талибанците, кои веќе15 години водат војна против Владата која е поддржана од САД

 
 
10.01.2017 - 18:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега