Снегот ќе продолжи да паѓа и утре во Македонија
Времето утре во Македонија во јужните делови ќе биде претежно облачно време со локални врнежи од снег, а во северните делови ќе има подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус 19 до минус осум, а дневната од минус девет до минус три степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус 18, а дневната ќе се искачи до минус шест степени.
Во четврток утринските температури на повеќе места ќе бидат под минус 15 степени, а дневните ќе бележат тенденција на благ пораст.
Позначителен пораст на температурата ќе има од петок. Нов влажен бран ќе има од петок кон крајот на денот кога на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, а на пониските врнежи од дожд и снег. Пообилни врнежи ќе има во сабота кога во западните делови ќе се формира нова снежна покривка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа