Се намалува бројот на грипозни во Велес

Во првата недела од месецов бројот на болни од сезонски грип во Велес изнесува 210, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје.

- Со ова е избегнато стравувањето за прогласување на епидемија на грип во Велес, а по енормно зголемениот број на болни во последната недела од декември, кога имаше 1.123 болни од сезонски грип, изјави епидемиологот Билјана Трајкова.

Поради тоа што бројот на заболени опадна, посочи таа, ја избегнавме опасноста за ширење на болеста и прогласување на епидемија на сезонски грип.

Трајкова порача дека граѓаните сепак и натаму треба да бидат претпазливи бидејќи болеста е се уште присутна.

- Инаку во Велес за разлика од минатите години оваа сезона стартува порано, а уште во ноември кога беа регистритрани двајца и во декември 1.756 заболени од сезонски грип. Во изминатите години грипот во Велес стартуваше кон крајот на јануари, додаде Трајкова.

 
 
10.01.2017 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега