Нови тоалети во ООУ „Гоце Делчев“ во Василево

Општина Василево во соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) ги реконструира тоалетите во ООУ „Гоце Делчев“. Реконструкцијата опфаќа целосна електрична и водоводна инсталација, поставување врати, нов покрив, санитарии, молерофарбарски и плочкарски услуги. Буџетот за проектот изнесува 1.100.000 денари.

- Она што е особено важно е дека со оваа реконструкција влезот во тоалетите  што досега беше од надворешната страна со  т.н.  топол влез е поврзан со внатрешниот дел од училишната зграда. Еден голем проблем кој досега го имаа учениците сега е надминат, изјави Ванчо Стојанов, градоначалник на општина Василево, кој присуствуваше на увидот во училиштето.

 

Општина Василево има повеќегодишна соработка со МЦМС, од која се произлезени неколку проекти - оградување на дворот на училиштето во Нова Маала, реконструкција на училиштето во село Ангелци и на училиштето во село Радичево - во кое е поставен и систем за парно греење. 

 
 
10.01.2017 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега