Стара загатка со скршена вазна која ги збунува сите - ќе ја решите ли?

Обидете се да ја решите оваа стара збунувачка загатка.

„Вчера си дојдов дома малку порано од вообичаено. Само што седнав да вечерам, слушнав дека нешто падна во собата на мојата сопруга. Веднаш истрчав таму и на подот ја забележав омилената вазна на мојата сопруга која ја чуваше како очите на главата. Секако, таа беше скршена. Во истиот момент, некој човек истрча од куќата, а јас побрзав по него. Но, веднаш штом излегов, очилата ми се замаглија од студенилото, па натрапникот ми избега. Ве молам помогнете ми да го пронајдам, сигурен сум дека нѐ ограби. Впрочем, како да ѝ објаснам на мојата сопруга, која утре се враќа дома од одмор, дека нејзината омилена вазна е скршена?“, објаснил човекот.

„Најпрво, не разбирам зошто толку се плашите од својата сопруга. Од неа се плашите, а мене ме лажете. Подобро кажете ѝ што навистина се случило“, рекол инспекторот и си заминал.

РЕШЕНИЕТО ПОДОЛУ: 

.

.

.

.

.

.

.

 

.

.

.

.

.

.

 

.

.

.

Инспекторот знаел дека мажот лаже бидејќи наочарите ќе се замаглат само кога од ладно ќе влезете на топло.

 

 
 
10.01.2017 - 15:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега