МО: Во касарната “Страшо Пинџур“ во Петровец има доволно количество мазут за затоплување

Во однос на информацијата објавена во текот на вчерашниот ден, а во однос на затоплувањето во касарната “Страшо Пинџур“ во Петровец, Министерството за одбрана на Република Македонија го истакнува следното:Министерството за одбрана негира дека нема доволно количество мазут за затоплување на касарната.

Во продолжение ја пренесуваме целата реакција интегрално:

Во однос на вчерашниот прекин на снабдувањето негираме дека станува збор за недостаток на мазут, туку за дефект на системот за затоплување. Воедно информираме дека дефектот е отстранет истиот ден и дека е продолжено затоплувањето на објектите во касарната.

Истовремено, Министерството имајќи ги предвид екстремно ниските температури кои ја зафатија Република Македонија, ги отпочна постапките за набавка на дополнителни количини на мазут, сè со цел затоплувањето на објектите на Армијата на Република Македонија да се одвива континуирано и непрекинато.

 
 
10.01.2017 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега