Струмица како Гармиш- Партенкирхен, еве каде може да се санка Заев во центарот на градот

Додека струмичани се заглавени во снег, струмичкиот градоначалник Зоран Заев си ужива на снежните падини. Граѓаните на Струмица со препораки до Заев за нови патеки за санкање во центарот во Струмица.

Додека струмичани сами се борат против снегот и замрзнатите улици, струмичкиот градоначалник ужива во снежното време, и згора над тоа, се фали на социјалните мрежи.

zaev-ski

Доколку на Заев навистина му дошло до санкање, тогаш истото може да го стори и во самиот центар на Струмица, чии улици наликуваат на познатиот германски ски центар Гармиш- Партенкирхен.

strumiva-1

Заев и општинската власт ги оставија струмичани сами да се мачат со мразот, снегот и студот. Улиците во градот се целосно смрзнати, граѓаните мора да внимаваат каде газат, зошто многу лесно може да се здобијат со скршеници поради неажурноста и неспсообноста на локалната власт, пишува Курир.

 

Во продолжение може да видите каде Заев може да се санка во центарот на Струмица.

zaev-ski-1

 
 
09.01.2017 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега