Бездомник згрижен во Момин Поток
На иницијатива на министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, денеска во соработка со градскиот центар за социјална работа, е згрижен бездомник којшто деновиве поради екстремно ниските температури бил засолнет во еден од влезовите на станбените објекти во близина на Полициската станица Центар, соопшти МВР.
Лицето од страна на полициски и социјални службеници, како што се наведува, е однесено во Центарот за згрижување на бездомни лица во Момин Поток.
Истовремено, министерот Нухиу иницираше и во наредниот период полициските службеници да посветат внимание на бездомни лица во насока на нивно згрижување, особено сега кога временските услови се директна закана по нивниот живот, стои во соопштението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа