Нови цени: Најголемо поскапување до сега на цигарите во Македонија - една кутија 2,5 евра

Согласно измените во Законот за акцизи на цигарите и производите од тутун, од јули годинава не очекува ново поскапување.
Согласно законот, цигарите ќе поскапат за најмалку 4 денари по една кутија.
Со тоа, одредени цигари од поскапите брендови ќе чинат и до 140 денари.
Со оглед на тоа дека цигарите во текот на минатата година поскапуваа и надвор од она што го наложуваше Законот за акцизи, не се исклучува до крајот на годинава одредени брендови да надминат и цена од 150 денари по кутија.

Согласно планот, цигарите од овој јули па во наредните 6 години ќе поскапуваат по 4 денари за кутија годишно. Тоа значи дека на крајот од циклусот во 2023 година една кутија може да чини и близу 200 денари. 

 
 
04.01.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега