Град Скопје: На плоштадот нема да се врати старата коцка

 

 Градот Скопје, со оглед на изнесените шпекулации во одредени медиуми, сака да појасни дека на плоштадот „Македонија“ нема да се враќа старата и отстранета коцка, туку при реконструкцијата ќе биде поставена комплетно нова коцка.

 Новата коцка ќе биде изработена од мермер со димензии 5х5 сантиметри, со црна и бела боја и ќе се употреби за изработка на мозаикот, како што може да се забележи од објавените фотографии со идејното решение за предвидениот проект за изградба на современа фонтана на плоштадот Македонија и реконструкција на плоштадот.

 Станува збор за изградба на современа фонтана на површинско ниво со 128 прскалки,  кои ќе се употребуваат само во летниот период. Фонтаната ќе биде со димензии 15x15 метри, а ќе биде поставена на просторот помеѓу Камениот мост и постојната фонтана.

 За време на реконструкцијата, постојните плочи на плоштадот делумно ќе бидат зачувани, а другите ќе бидат извадени и ќе се употребат на плоштадот кај црквата Пресвета Богородица. На местото на извадените плочи, при реконструкцијата на партерот на плоштадот Македонија, ќе биде поставена комплетно нова коцка.

 На плоштадот ќе бидат заменети канделабрите,  клупите и кантите за отпадоци. 

Интегрален текст од Град Скопје.

најчитано сега