Обвинетите од „Ликвидација“ седнаа на обвинителната клупа

Во кривичниот суд во Скопје осум лица поврзани со нарачаното убиство на 74-годишниот Лазар Милошевски од велешкото село Ореше седнаа на обвинителната клупа, пренесе Телма.

Според полицијата, акцијата „Ликвидација“ се подготвувала со години. Се работи за убиството на 74 годишниот Лазар Милошевски кое се случи во 2005 година во велешко Ореше. Осомничени за убиството беа браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски, а како нарачател се спомнуваше Ѓоре Петровски, Македонец кој живее во Америка. Судскиот процес го следеа голем број контроверзи, затворските казни пресудени во првостепениот суд, паѓаа на повисоките инстанци. БРаќата Ѓорѓиевски и Петровски беа ослободени од вина во март годинава.

Кежаровски беше уапсен на крајот на мај годинава, поради текст од пред пет години, во кој го открил идентитетот на заштитениот сведок. За вакво кривично дело, информираат од Кривичниот суд, следува минимум четири години затворска казна. На новинарот Кежаровски не му е дозволено да се брани од слобода, не се прифаќаше кауцијата вредна 20.000 евра. Откако новинарот доби притворска казна, во јавноста излегоа многу реакции а беа организирани и серија протести. Кежаровски неколку дена штрајкуваше со глад и тоа му ја влоши здравствената состојба.

Одбраната поднесе приговор бидејќи делото за кое се товарат лицата,противзаконско посредување, е укинато како кривично дело во 2008 година. 

Инаку, судењето го следат  и претставници на ОБСЕ и на дипломатските претставништва.

ФОТО: Канал 5

16:12

најчитано сега