Почина детенце - уште една пронајдена жртва во тешката сообраќајна несреќа кај Ниш
Дете повредено во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот кај Ниш, Србија, почина во болничкиот центар во Ниш. Претпладнето вна клиничкиот центар е донесено уште едно дете повредено во несреќата, а кое во првиот наврат не било пронајдено во темницата.
Несреќата се случила рано наутро на автопатот Ниш-Белград кога се превтрило возилото во кое биле превезувани илегални мигранти. Воизачот побегнал од местото на несреќата.
Во несреќата загинале двајца мигранти, десетмина биле повредени, меѓу кои и пет деца. Во автомобилот биле пренесувани 12 мигранти.
30.12.2016 - 13:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа