Земјотрес ја стресе Грција

Земјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала беше регистриран денеска во централна Грција. Епицентарот на земјотресот бил на осум километри од населеното место Елатија, на 118 километри северно од Атина и на десет километри длабочина. 

Во земјотресот нема настрадани лица. 

Ова е втор земјотрес во Грција во текот на денешниот ден, откако земјотрес со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровите  скала го погоди изутрината регионот на Парга, во северозападна Грција.

ФОТО: А1.он

15:51