На оваа бабаичка и се исполни сонот: Сакала само фрижидер за да запомни дека некогаш го имала, но добила многу повеќе
Зборовите на оваа старица трогна многумина. 88-годишната баба која живее со болниот син Абдул и плете чорапи за да го прехрани својот син.
Минатиот месец Ханка Омеровиќ со солзи во очите ја открила својата голема желба: „ Сине, купете ми фрижидер да запамтам дека и јас во својот живот сум имала фрижидер“.
Многумина се вклучиле во акцијата за да и помогнат на 88-годишната баба и по месец дена резултатот е видлив. На бабата и ги донеле сите потребни апарати за домаќинство и ја реконструирале нејзината трошна куќа.
30.12.2016 - 10:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа