Температурите -11: Годината ќе ја заокружиме со екстремен студ

Променливо облачно, ветровито и студено време имаме утрово во Македонија. Слаби врнежи од снег има во Маврово и Лазарополе. Снежна покривка има во Претор 3 сантиметри, Крушево 5, Маврово 13 и Лазарополе 16 сантиметри.

Најниска температура утрово е измерена во Маврово -11, Крушево и Лазарополе - 10,  Берово и Ѓуриште - 7, Пожаране, Претор, Охрид, Тополчани и Дебар - 6, Тетово -5, Виница, Прилеп и Крива Паланка -4,  Битола -3, Куманово, Демир Капија, Штип и Струмица -2, Скопје -1,  Дојран 0 и Гевгелија 1 степен.

Во текот на денот времето ќе биде умерено облачно со умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6 степени. Во Скопје, умерено облачно со умерен повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

За време на новогодишните празници времето ќе биде стабилно и суво со студени утра, а преку денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. Утринските температури насекаде ќе бидат под нулата, на повисоките места и на планините ќе се спуштат и до -15 степени, а дневните од недела ќе бидат во благ пораст. За  Новогодишната ноќ ќе биде ведро и студено со температура во земјава од -14 до -6 степени.

 
 
30.12.2016 - 08:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега