Љубовницата на Нечас си оди од Владата

Службите на чешката Влада денеска го прекинале работниот однос на Јана Нагиова, главниот раководител на Кабинетот на поранешниот премиер Петр Нечас и една од обвинетите за незаконско прислушување и учество во корупциски скандал.

Според соопштението на надлежните владини служби, Нагиова си оди со спогодба и нема право на никакви финансиски компензации, јави дописникот на МИА од Прага.

- Задоволен сум што успеав да го решам проблемот со завршувањето на работниот однос на Нагиова на стандарден начин, без да се отвора простор за какви било  шпекулации, соопшти актуелниот раководител на Владата, Радек Аугустин.

По објавувањето на аферата и по оставката, Нечас откако објави дека се разведува од својата сопруга призна дека е во врска со неговата најблиска соработничка.

14:56

најчитано сега