“Летаат“ кривични за „Детонатор“ во гостиварско и тетовско
Гостиварската полиција поднесе кривична пријава во рамките на акцијата „Детонатор“ против А.М.(33) од село Симница-гостиварско, М.Н.(40) и С.Н.(56) двајцата од село Чегране - гостиварско за сторено кривично дело „комар“, а А.М. е пријавен и за кривично дело „даночно затајување“, информираат од МВР.
Според МВР, во периодот од февруари до јули 2013 година, во село Чегране, М.Н. и С.Н. за одреден паричен надомест му отстапиле два деловни објекти на А.М. кој нелегално организирал игри на среќа-комар без регистрација на автомат клуб, притоа избегнувајќи ги државните давачки оштетувајќи го Буџетот на РМ за износ од 5.534.875 денари.
Исто така, информираат денеска од полицијата, кривични пријави во рамки на „Детонатор“ заработија и А.Ш.(61) од село Чегране-гостиварско и Г.А.(34) од село Пирок-тетовско. ТИе, според МВР, во период од јануари до јули 2013 година, во село Чегране, пријавените неовластено организирале игри на среќа-комар без регистрација на автомат клуб, притоа избегнувајќи ги државните давачки на штета на Буџетот на РМ за износ од 5.396.625 денари.