Французите се против носењето исламска шамија на универзитетите

Седумдесет и осум отсто од испитаните Французи се изјасниле дека се против носењето на исламска шамија на универзитетите, јави дописникот на МИА од Париз.

Во анкетата на ИФОП за весникот „Фигаро“, само четири отсто се изјасниле дека немаат ништо против да се носи исламска шамија на факултетслите клупи, а 18 отсто немаат мислење.

Кај симпатизерите на левицата против се 67 отсто од испитаниците, осум отсто се за носење 25 проценти се рамнодушни, додека кај симпатизерите на умерената десница УМО против носењето на исламска шамија се 91 отсто од испитаните, додека девет се рамнодушни.

Кај симпатизерите на Националниот фронт (крајна десница) против се 95 отсто од испитаните, два отсто се за и три проценти се рамнодушни.

ФОТО: Македонес.орг

 

14:26

најчитано сега