Дај ни пари или ќе те избламираме - две момчиња од Скопје му се заканувале на Косовец преку Скајп

26 годишниот Џ.Џ. и 27 годишниот А.К. двајцата од Скопје го уценувале 37 годишниот В.К. од Косово дека ќе објават компромитирачки видео-записи на интернет, доколку не им плати 3.000 евра.

Косовецот го пријавил случајот во полиција, па потоа кај пријавените се пронајдени 1.500 евра претходно технички обработени од страна на полицијата.

Двајцата скопјани си заработија кривични пријави за “уцена“, информираат од МВР.